Историјат на училиштето
Од учебната 1961/62 во Делчево се појави првата средношколска институција во ова подрачје. Оваа гимназија имаше за цел да образува кадри за понатамошен побрз стопански општествен развој во оваа подрачје. Методи Митевски-Брицо во 1975 година прераснува во училишен центар за средно образование.
Бројот на учениците во оваа гимназија од 1961/62 год. постепено се повеќе се зголемува, а особено од учебната 1975/76 година со воведувањето на повеќе струки, меѓу кои се: Машинската и лозаро-овоштарската струка (1980/81), текстилна (1982/83), правна (1983/84).
Оттогаш па до денес бројот на учениците се повеќе се зголемува. Многу ученици од подоцнежните генерации завршено заземаат важни и високи функции меѓу кои многумина од нив станале: професори на филолошки, природно математички и рударски факултет, дипломирани економисти и правници доктори, офицери на АРМ и сл.
Денес во овој училишен центар активно работат повеќе секции и тоа литературната, физичката, ликовната секција и др. Покрај овие секции активно работи историскиот клуб "Гоце Делчев" , хорот и оркестарот, а голем број ученици се вклучени и во спортските активности.
Сите ученици кои учествуваат на овие активности постиганле задоволителни резултати, на регионалните и републичките натпревари во знаење.Сето тоа го потврдуваат многубројните дипломи и признанија.
Познати личности кои учеле во ова училиште
Љубчо Георгиевски, премиер на Р.Македонија од 1998 до 2002 год
Tрајан Гоцевски - Декан на Филозовскиот факултет во Скопје
Мишо Христов - Професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје
Игор Митревски - Фудбалер во Русија
Мето Јовановски - актер



