СОУ " Методи Митевски - Брицо" - Делчево
|
Полугодишен извештај за реализацијата на годишната програма за работа во учебната 2010 /2011 година Полугодишниот извештај е подготвен врз основа на извештаите дадени од страна на класните раководители и истите како објективни показатели ги споредиме со годишната програма за работа со училиштето, програмите на наставно-воспитниот и другиот стручен кадар односно стручни соработници. Целта е да се даде одговор во кој правец се движат работите, на патот на истиот да се искорегираат некои препреки и слабости за одот на училиштето да биде попозитивен или доколку работите се изместени да ги доведе во нормална состојба. Со други зборови речено да даде одговор дали се движат работите во глобално зацртаната насока на предвидувањата. Истиот да иницира разрешници надополнети низ една позитивна расправа, зашто работата што ја изведуваме е одговорна и сложена, но без сомнение можна и остварлива. Оваа учебна година во Прва година се запишани 136 ученика или 2 ученика помалку од лани. Од нив во Гимназиско образование 97 ученика, а останатите 39 во текстилна насока и новата хемиско -технолошка струка. Вкупно се запишале 564 ученика на ниво на училиште.Во гимназиска насока се запишани 405 ученици. Во текстилна струка се запишани 159 ученици. Во училиштето во придојдоа уште 3 ученика , 1 ученик во прва година стручно образование,1 во втора-стручно и 1 ученик во трета година стручно, а истовремено 1 ученик си замина од прва година стручно образование.На крајот од полугодието останале бројот на ученици е ( 566 ).Учениците се поделени во 26 паралелки. По струки 19 од гимназиска и 6 од текстилна и 1 хемиско- технолошка струка. Просечен број на ученици е 22. Во трета година учениците од гимназиска насока се определија за овие подрачја: · Природно-математичко подрачје комбинација Б-1 паралелки(20 ученика) и една комбинирана паралелка природна математичка А и Јазично уметничко подрачје-комбинација А(16ученика) · Во општествено-хуманистичко подрачје комбинација А- 3 паралелки(62 ученика ) Од овој број на ученици (566) на крајот од Првото полугодие без слаби биле 273 ученици,а со слаби 132 ученици. Во гимназиските паралелки без слаби се 273 ученици,со слаби 132 ученици , додека во текстилните паралелки без слаби се 38 ученици,а со слаби 123 ученика.
Целосниот извештај може да го преземете тука. |
