СОУ " Методи Митевски - Брицо" - Делчево
|
Конкурс за запишување ученици
Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во наставната 2010/2011 година во Република Македонија, објавен од Министерството за образование, Училишната комисија на Средното општинско училиште “Методи Митевски – Брицо ” – Делчево за запишување на ученици во наставната 2010/2011 година го објави следниот: О Г Л А С за запишување ученици во прва година за гимназиско образование за учебната 2011/2012 година
I. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ И ПАРАЛЕЛКИ Во прва година во училиштето ке се запишат 272 ученици во 8 паралелки. Од нив 5 паралелки или 170 ученици во гимназиско образование, 2 паралелки или 68 ученици во текстилно-кожарска и текстилна струка со 4 годишно и 3 годишно траење и 1 паралелка или 34 ученици во хемиско-технолошка струка со 4 годишно траење и тоа: -Гимназиско образование 170 ученици во 5 паралелки -Тестилно-кожарска струка (конфекциски техничар) 34 ученици во 1 паралелка -Хемиско-технолошка струка (прехрамбен техничар) 34 ученици во 1 паралелка -Текстилна струка (конфекционер) 34 ученици во 1 паралелка II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ · да завршиле основно образование · да не се постари од 17 години · да се определиле за план и програма за соодветното образование · да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Оглас
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ · пријава за запишување со таксена марка од 50 денари · оригинални свидетелства од V до VIII одделение · извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето - оригинален документ)
IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок, доколку има слободни места 1. Првото пријавување и запишување на учениците во првиот уписен рок ќе се врши на 16 и 17 јуни 2011 година, од 07,00 – 15,00 часот, резултатите од запишувањето ќе се објават на 20 јуни 2011 година 2. Второто пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок, доколку има слободни места, ќе се врши на 29 и 30 јуни 2011 година, а резултатите од запишувањето и слободните места, доколку ги има, ќе се објават на 01 јули 2011 година 3. Пријавувањето на учениците во вториот, августовскиот уписен рок, доколку во училиштето сѐ уште има слободни места, ќе се врши на 18 август 2011 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 19 август 2011 година 4. Доколку во училиштето и понатаму има слободни места за запишување ученици, уписот ќе продолжи до 31 август 2011 година
V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ · средниот успех на ученикот од V-VIII одделение, · средниот успех на ученикот постигнат по предметите: мајчин јазик и странски јазик, како задолжителни и математика и историја, значајни за гимназиското образование, · дипломи од освоени (I,II,III) места од меѓународни и републички натпревари (од мајчин јазик, странски јазик и наставните предмети математика и историја-значајни за гимназиското образование), 1. За средниот успех од V-VIII одделение, ученикот може да добие најмногу 50 поени; средниот успех од петто, шесто, седмо и осмо одделение се собира, се дели со четири и добиениот број се множи со коефициентот 10. 2. За средниот успех постигнат од четирите наставни предмети: двата задолжителни – мајчин јазик и странски јазик и двата значајни за гимназиското образование - математика и историја, ученикот може да добие најмногу 20 поени (по 5 поени за секој предмет) 3. За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени За освоено место од меѓународни натпревари - 5 поени, За освоено место од републички натпревар - 3 поени за I место, 2 поени за II место, и 1 поен за III место, на ученикот му се вреднува една диплома која носи најмногу поени 4. За средна вредност од поените за поведение од V-VIII одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени : Средната вредност е збир од поените за поведението од V,VI,VII и VII одделение, поделено со 4). 5. Со овој оглас кандидатите можат да освојат најмногу 75 поени 8. Учениците државјани на Република Македонија кои основното образование го завршиле во странство, се запишуваат под исти услови и критериуми со нострифицирано свидетелство стекнато во странство
VII.ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ 1. Изборот и запишувањето на учениците се врши, врз основа на ранг листа изготвена според вкупниот број поени што се пресметуваат одделно за секој кандидат. 2. Вкупниот број поени се утврдува според критериумите за избор на учениците. 3. Учениците кои ја повторувале годината се запишуваат без рангирање ако се пријават во првиот уписен рок.
НАПОМЕНА Пријавувањето да се врши лично од ученикот или родителот (старателот) · Некомплетни или неисправни документи нема да се примаат. · Документите на кандидатите коишто не ќе бидат примени, да се подигнат лично, најдоцна наредниот ден по објавувањето на ранг листата. Училишна комисија |
