Мојот град

    

    Oпштина Делчево се наоѓа во крајниот североисточен дел на Република Македонија, во подножјето на планината Голак (Чавка -1524 m), непосредно до бугарската граница на оддалеченост од само 10 km. На исток е заградена со планината Влаина, на север со Осоговските и на југ со Малешевските планини. Сместена е во котлината Пијанец и распослана по горниот тек на реката Брегалница. Поголемиот дел од населените места  на општина Делчево, се наоѓаат во Пијанечката Котлина, а помал број по разграноците на Осоговската Планина. Општината Делчево има површина од 423 км² и 22 населени места и тоа: Делчево, со селата: Бигла, Ветрен, Вирче, Вратиславци, Габрово, Град, Драмче, Ѕвегор, Илиово, Киселица, Косово Дабје, Нов Истевник, Очипала, Полето, Разловци, Селник, Стамер, Стар Истевник, Тработивиште, Турија и Чифлик.  Во нив живеат 17.713 жители, од кои 10.454 во општинскиот центар. 

Делчево, според едно предание во византиско време се викало Василево, што преведено од грчки значи Царево Село. За прв пат како населба Царево Село се споменува во една повелба на Цар Душан од 1347 до 1350 година. со неа тој му подарил повеше места и ниви од Пијанец на манастирот од Лесново. Во турско време Делчево се викал и Султанија.

На 10км јужно од Делчево, на надморска восочина од 1.300 -1.538м, се наоѓа планината Голак. Далеку од градската бучава, прекрасната вгетација, чистиот воздух и студената и бистра планинска вода, претставуваат мелем за душа на посетителите. Зиме, под дебелата снежна покривка Голак нуди Незаборавни и неповторливи гледки.

Носители на културните активности во општината се: Домот на културата "Н.Ј.Вапцаров", Матичната библиотека "Илинден", КУД "Гоце Делчев", Драмското студио при Домот на културата, како и неколку здруженија на граѓани чија дејност е негување на изворниот мелос, модерната музика, сликарството и сл.

М.М.Брицо | Делчево | Историјат | Локација | Мисија |

Facebook страна

 

               

      

 

Актуелно

 

ПАТРОНАТ

50 години постоење

  

ДРЖАВНА МАТУРА

Погледнете ги тестовите од државната матура по следните наставни предмети: македонски јазик и литература, англиски јазик, француски јазик и математика. 

 

Училишната зграда

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

Министерство за образование и наука

Едубунту

Светски обединети колеџи

                                         

КОНТАКТ

СОУ "Методи Митевски - Брицо"

Бул. "М.М.Брицо"  бб

2320 Делчево

e-mail:mm_brico@hotmail.com