Настава

Задолжителна настава

    Задолжителната настава во СОУ М.М.Брицо ќе се изведува според наставните планови и програми за гимназиското образование , текстилната струка и прехранбена струка.

    Во гимназиското образование наставата ќе се одвива по планови и програми за гимназиско образование. Во текстилните паралелки учениците работат по програмите за реформирано средно стручно образование. Во прехранбената струка ќе се одвива наставата според програмата и планот за прехранбен техничар.

    Наставните програми ги утврдуваат целите, задачите и содржините на наставните предмети, а од наставниците зависи кои форми методи и наставни средства ќе ги применуват во нивната реализација. Во текот на оваа учебна година наставата ќе се реализира во 26 паралелки, во текот на 36 работни седмици, односно во текот на годината, согласно Календарот за организација на оваа учебна година треба да се остварат 180 работни денови со учениците од прва до трета година, а 166 работни денови со учениците од завршните класови.

    Наставата ќе се изведува во две смени и тоа :прва и трета година во една смена, а втора и четврта година во друга смена. Смените ќе се менуваат на две недели. Со сменското работење ќе се создадат услови за редовно изведување на редовната настава и на другите видови настава : дополнителна, додатна. Првата смена започнува со работа во 07.30 часот, а втората во 13.35 часот.

    Во зависност од содржините задолжителната настава ќе биде теоретска настава и образовна работна практика. Според начинот на организирање -предметна, а според односот на ученикот кон неа -задолжителна настава. Практичната настава за учениците од текстилна струка ќе се организира и изведува во работилниците во училиштето.

    Со цел за подобрување на квалитетот на наставата, постојните простории и материјални услови во училиштето рационално ќе се користат. По предметите: биологија, хемија, физика, информатика и музичка уметност имаме класични кабинети, но и по другите предмети ќе се изведува кабинетска настава. Во наставата по сите предмети се користи комјутерската техника.

    Наставата по физичко воспитување спорт и спортски активности ќе се изведува во фискултурните сали, спортските терени со кои располага училиштето. Учениците кои ќе се определат за проектна активност од таа област наставата еден дел ќе ја изведуваат во училиштето, а еден дел надвор од него. За потребите од лектири и друга литература учениците ќе можат да ги користат услугите на училишните библиотеки. За остварување на квалитетна настава посебно внимание ќе се посветува на квалитетот и навремено планирање на сите видови настава.

    Годишните глобални планови за работа од сите наставници ќе се изготвуваат на почетокот на наставната година, тематските планирања и дневните подготовки во текот на целата година, и подготовките за новите наставни техники. При планирањето на наставата посебно да се води сметка за посовремени методи. При реализација на програмите по сите наставни предмети ќе се настојува да се остварат целите и задачите кои се предвидени со истите.

    Низ сите наставни форми на работа по сите наставни предмети и слободни ученички активности постојано ќе се настојува кај учениците да се остварат основните цели и задачи на воспитно-образовниот процес а пред се: - да се развие творечки однос кон трудот, љубов кон работата, солидарност и хуманoст; - да се развие чувство и одговорност за чување на општествената и личната сопственост; - да се создадат личности со позитивни карактеристики; - да се создадат навики за заштита на човековата средина; - да се подготват и оспособат за успешно вклучување во општествениот живот и продолжување на понатамошното нивно образование.

Изборна настава

    Учениците според реформираното гимназиско образование во Втора година се определуваат за еден од четирите понудени предмети и тоа: Латински јазик, eтика, iнформатичка технологија и говорење и пишување. Според определувањето на учениците се формирани 4 групи за iнформатичка технологија, и по една lатински и Говорење и пишување.

    Во трета година учениците според подрачјето избираат една од можните две комбинации. Една паралелка во природно-математичко подрачје комбинација- Б ( 20 ученика) една комбинирана паралелка природно-математичка-А и јазична-А (16 ученика) и 3 паралелки општествено-хуманистичка комбинација-А со 62 ученика . Изборните подрачја им овозможуваат на учениците да го обликуваат своето гимназиско образование со поттикнување на нивниот интерес за усвојување на повисоко ниво на теоретски знаења, а истовремено со нив се врши диференцијација на учениците според нивната ориентација кон определени насоки на студии. Училиштето педагошки и организациски е одговорно за реализација на задолжителните изборни подрачја и содржини.

Наставни планови | Паралелки | Предмети | Проектни активности | Професори | Натпревари |

Facebook страна

 

               

      

 

Актуелно

 

ПАТРОНАТ

50 години постоење

  

ДРЖАВНА МАТУРА 

Погледнете ги тестовите од државната матура по следните наставни предмети: македонски јазик и литература, англиски јазик, француски јазик и математика. 

 

Училишната зграда

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

Министерство за образование и наука

Едубунту

Светски обединети колеџи

                                         

КОНТАКТ

СОУ "Методи Митевски - Брицо"

Бул. "М.М.Брицо"  бб

2320 Делчево

e-mail:mm_brico@hotmail.com