СОУ  " Методи Митевски - Брицо" - Делчево

Пораснато во минатото, живее во сегашноста, создава за иднината.  

Патронен празник по повод 50 години постоење на  СОУ  " Методи Митевски - Брицо" - Делчево

        

       Нашето училиште го носи името на еден од организаторите и учесници во НОБ, името на нашиот славен револуционер Методи Митевски - Брицо. Тој завзема високи функции во владата на Македонија, како државен секретар за земјоделие и шумарство и член на ЦК на комунистичката партија на Македонија. Роден е во 1924 год. Во Делчево, а несреќно загинува на 38 годишна возраст.

      Во негова чест, на денот кога е роден, 15 април нашето училиште секоја година приредува културни манифестации и спортски активности. На овој ден ќе ја прославиме 50 годишнината од постоењето на училиштето и 87 годишнината од раѓањето на М.М.Брицо. Во четвртокот (14 Aприл) ќе се одржат фудбалските натпревари во училишната сала, а во петокот (15 Aприл) во спомен домот АСНОМ ќе се оддржи културно-уметничка програма. Прв збор ќе има директорот на училиштето Митко Антовски и градоначалникот Горан Малешевски. Исто така ќе настапи школскиот хор, ќе има и фолклорни изведби и ќе се изведат рецитали. Овој патронен празник е многу важен за нашето училиште бидејќи се празнува половина век од постоењето на училиштето.

     Нашето училиште е првата и единствена средношколска институција во градот и основана е во 1961/62 година. Нам ни претставува чест што учиме во вакво училиште. С.О.У. "Методи Митевски - Брицо", како единствено средно училиште во нашиот град има значајна улога во образованието на младите.

 

 

                АКТУЕЛНО
image
 

Воннаставни активности на учениците

image
 

Награди и пофалници за одличните ученици

image
 

Листа на матурски испити потребни за упис на факултет.

image
 

50 години постоење

 

 

               

      

 

                

Училишната зграда

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

Министерство за образование и наука

Едубунту

Светски обединети колеџи

                                         

КОНТАКТ

СОУ "Методи Митевски - Брицо"

Бул. "М.М.Брицо"  бб

2320 Делчево

e-mail:mm_brico@hotmail.com