СОУ " Методи Митевски - Брицо" - Делчево
|
Како до добри успеси на тестовите?
8 чекори како подобро да го решите тестот : 1.Пред да почнете да го решавате тестот,прочитајте го целиот тест. Многу е корисно да се прочита целиот тест. Така подобро се определува тежината на задачите и можете подобро да го организирате даденото време за решавање на тестот. 2.Внимателно бирајте. Откако го прочитавте целиот тест и ги увидовте задачите,корисно е да одвоите уште некоја минута за да видите кои прашања ги знаете најдобро и на кои прашања можете да дадете најдобар одговор. Брзата проценка и несистематското одговарање може да ве чини оценка. 3.Пред да пишувате убаво размислете за одговорот. Истражувачите тврдат дека времето вложено во планирањето на одговорот е важен фактор за добар тест. Добар план и добро промислени одговори се добар пат кон добра оцена. Понекогаш е добро да ги потцртате главните зборови во прашањето и бодовите,за да можете подобро да одредите колку време да потрошите за одредено прашање. 4.Прецизни податоци и јасни аргументи. Добро е да се потсетите и да проверите дали сите аргументи,детали, податоци ( години,имиња и сл. ) се наведени во одговорот. Понекогаш во некои подолги прашања се заборава да се напишат овие клучни елементи. 5.Пишувајте уредно. Потрудете се вашиот ракопис да биде читлив и уреден. Професорите читаат по стотини тестови. Сигурно не сакате да добиете послаба оценка поради лошо разбирливите одговори. 6.Внимавајте на времето. Водете сметка за времето бидејќи е многу важно уште на почетокот да одредите колку време ќе потрошите за одредено прашање. Држете се до тој распоред до крајот на тестот. 7.Одговорете на сите прашања. Ова сигурно звучи многу кратко и јасно, но има многу ученици кои не ги читаат прашањата целосно или пак не ја проверат задната страна од тестот. Со што тоа може да влијае на бодовите и на оценката. 8.Искористете го повторувањето пред тестот. Сигурно со професорите ќе го повторите материјалот пред тестот. Можеби нема да ги добиете истите прашања како на тестот, но тоа што е научено преку повторувањето и вежбањето е многу корисно. Истот ака се корисни и грешките кои се направени преку вежбањето. Преземено од BBC Schools –Student Life: http://www.bbc.co.uk/schools/studentlife/revisionandskills
|

