Методи Митевски - Брицо
Методи Митевски Брицо (1924 - 1962) е еден
о најпознатите организатори и учесник во НОБ. Методи Митевски -
Брицо е роден на 15 април 1924г. во Делчево, во сиромашно
семејство од татко Зафир - занаетчија бербер и мајка Зуица,
домаќинкa. Основното образование го завршува во Делчево, а
понатамошното школување го продолжува во Штип. Тој со своето
знаење и со своите стремежи за слобода и независност на
македонскиот народ, му овозможува да стане член на
револуционерното движење . Тој редовно присуствувал во тајните
кружоци на ова дружина која била преодводена од Ванчо Прќе и
активно се вклучува во организацијата на младите Пијанец, со
една главна цел, да ја ослободат Македонија.
Гимназија завршува во Штип, а правен факултет во Скопје.Брицо и покрај тоа што е учесник во НОБ од 1941 год. тој е и член на СКОЈ, а во комунистичката партија на Македонија е примен во 1943 год.Тој е првиот секретар на националниот комитет на Мaлеш и Пијанец претседател на Штипската и Малешевската околија, секретар на околниот комитет на КПМ во Битола. Брицо зазема доста високи функции во владата на Македонија како секретар, а во 1960 год. е наименуван за државен секретар по замјоделие и шумарство, а истовремено и потпретседател на извршниот совет во Македонија и како член на Полит-бирото ЦК ЦКМ, и пратеник на Народното собрание на Македонија.
Тој добивал и повеќе ордени меѓу кои најзначајни се: Орден за заслуги за народот од II ред и Орден братство и единство од II ред. Брицо живееше 38 години, но неговиот живот беше целосно посветен на Македонија. Тој несреќно загинува во водите на Охридското Езеро.


